https://www.facebook.com/photo.php?fbid=580697336758657&set=pb.100044551864456.-2207520000..&type=3

10.11.2022 Скопје

Денеска, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара ќе продолжи да вложува напори во посредувањето меѓу Москва и Киев, со цел да се почнат со преговори за ставање крај на конфликтот.

Ердоган истакна дека Турција непрекинато ја извршува улогата на посредник и така и ќе продолжи, а моментално не е можно да се каже одреден датум, кога таа улога на Анкара ќе даде резултати.

Според Ердоган, одлуката Русија да ги повлече војниците од Херсон е позитивен чекор.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author