04.11.2022 Скопје
Денеска, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Финска и Шведска се уште не ги исполниле сите услови поставени од Анкара за членство во НАТО.
На заедничката прес-конференција со Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО, Чавушоглув изјави дека забележуваат некои позитивни чекори, особено укинувањето на ембаргото за оружје и промените во законодавството, но ова не е исполнување на сите услови.
На истата конференција во Истанбул, Столтенберг изјави дека Хелсинки и Стокхолм ги исполниле условите за влез во НАТО.
На 18 мај, Финска и Шведска поднесоа барање за влез во Алијансата, а Турција бара Шведска и Финска да престанат да им даваат засолниште на луѓето кои Анкара ги смета за терористи и бараат екстрадиција на одредени барани лица.
Од 30-те членки на НАТО, 28 веќе го ратификуваа во своите парламенти влезот на нордиските земји во НАТО, додека Турција и Унгарија се уште не го направија тоа.
Подготвено од А.Ѓ.