14.11.2022 Скопје
Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу изјави дека Турција не ја прифаќа пораката за сочувство на Соединетите Американски Држави по повод смртоносниот терористички напад во Истанбул.
Уапсената денес признала дека наредбата за нападот ја добила од центар на курдската терористичка организација ИПГ во Кобане, во Сирија, а таа организација е гранка на Курдската работничка партија (ПКК), која е на црна листа на Турција, САД и Европската Унија како терористичка организација.
Потпаролката на Белата куќа Карин Жан Пјер, упати писмена изјава со која изразува сочувство и остро го осудува насилството кое се случи во Истамбул.
Во експлозијата во познатата туристичка улица Истиклал загинаа шест лица, а повредени се 81, нивниот идентитет се уште не е познат за јавноста.
Подготвено од М.Н.