https://www.facebook.com/photo.php?fbid=592702778882540&set=pb.100044284693756.-2207520000..&type=3

09.11.2022 Скопје

Денеска, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Шведска и Финска не ги исполниле обврските што Анкара ги постави како услов за влез на овие две земји во НАТО.

Чавушоглу истакна дека следниот состанок за овие договори ќе биде од клучно значење.

Според турскиот министер Чавушоглу, Финска и Шведска имаат преземено одредени чекори, но во сегашната фаза е тешко да се каже дека ги исполниле своите обврски бидејќи преземените чекори не се доволни. Исто така, потсети дека претходно во Хелсинки се одржа трилатерална средба за практично спроведување на одредбите од меморандумот, што во јуни го потпишаа Турција, Финска и Шведска.

Во документот се наведени низа чекори што ќе им овозможат на двете земји да ги исполнат барањата на Анкара пред да ѝ се приклучат на алијансата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *