01.11.2022 Скопје
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Турција ќе продолжи да се ангажира во врска со договорот за извоз на жито од Украина преку црноморските пристаништа, и покрај ставот на Русија.
Турција вложува напори за житото од Украина да стигне во земјите во кои се заканува глад, наведувајќи дека од почетокот на примената на договорот за житото од 1 август од Украина се извезени околу 9,3 милионитони земјоделски производи, и според Ердоган, тоа најмногу влијаело на намалувањето на светската криза во снабдувањето со храна.
Надлежните тимови на ОН и Турција, почнаа со инспекција на бродовите во рамки на договорот за транспорт на житните култури од пристаништето на Црно Море, иако претседателот на Русија, Владимир Путин, го суспендираше своето учество во тој договор во саботата, и бара итен состанок со ОН.
Подготвено од М.Н.