https://www.facebook.com/photo.php?fbid=592702778882540&set=pb.100044284693756.-2207520000..&type=3

18.11.2022 Скопје

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека барањата на Русија мора да бидат исполнети за житотот да стигне до оние на кои им е потребно.

Коментирајќи го продолжувањето на договорот за испорака на жито преку Црното Море, Чавушоглу појасни дека Турција не ја брани Русија, но свесна е дека ова е договор во кој мора да се исполнат руските барања со цел житото да стигне до оние на кои им е потребно.

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, изрази надеж дека ќе дојде до прекин на огнот и крај на војната во Украина, преку дипломатски преговори, со цел повеќе да нема потреба од продолжување на договорот за испорака на жито.

Во текот на вчерашниот ден, договорот за црноморскиот житен коридор беше продолжен за 120 дена.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author