26.11.2022 Скопје
На Клиниката за дигестивна хирурија, направена е првата трансплантација на црн дроб од починат донор, прва во историјата на македонскотo здравство.
Шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка со мозочна смрт чие семејство се согласи да ги донира органите.
Покрај црн дроб, се вршат и трансплантации на бубрези кај двајца пациенти со бубрежна болест.
Министерот за здравство, д-р Беким Сали, изјави дека од негово лично име и од име на целиот персонал е бескрајно благодарен за оваа донесена одлука на семејството на донорот, бидејќи се спасени не еден, туку три животи.
Министерот Беким Сали упати благодарност и до сите медицински тимови вклучени во трансплантацијата кои пожртвувано дури 24 часа работеа и продолжуваат да работат понатаму со пациентите.
Особена благодарност упати до професор Зоран Караџов и неговиот тим, како и тимот на Клиниката за гастроентерохепатологија, кои испишаа нов лист не само во делот на дигестивната хирургија туку и во целокупното здравство.
Подготвено од М.Н.