07.11.2022 Скопје
Во врска со тензичната ситуација во северот на Косово, официјална Тирана изразува загриженост и оценува дека дијалогот е поважен од кога било.
Олта Џачка, министерката за Европа и надворешни работи, преку објава на Твитер изрази загриженост за случувањата на северот на Косово, притоа истакнувајќи дека ” напуштањето на институциите на Косово е чин на ескалација, во време кога е потребна соработка и конструктивен дијалог”.
Во текот на вчерашниот ден, претседателот Бајрам Бегај остварил телефонски разговор со неговата косовска колешка Вјоса Османи. Бегај ја изразил неговата загриженост и истовремено го охрабрил продолжувањето на дијалогот меѓу страните, имајќи го предвид зачувувањето на мирот и стабилноста, како и територијалниот интегритет на Косово гарантиран од НАТО.
Подготвено од А.Ѓ.