https://www.facebook.com/photo/?fbid=10228283106801816&set=a.1641115866766

24.11.2022 Скопје

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денес одигра само четири гема, пради тоа што нејзината противничка Деа Херџелаш го предаде мечот поради повреда.

Херџелаш не успеваше да фати ритам, а освен тоа се соочуваше и со болки, додека Ѓорческа одлично играше и направи два брејка, и на крајот противничката го предаде мечот на македонската тенисерка.

На овој турнир Ѓорческа влезе во добра форма затоа што пред само четири дена го освои Фјучерс турнирот исто така во Грција, а за место во полуфиналето ќе игра против подобрата од мечот помеѓу Германката Херман и Италијанката Рочети.

Подготвено од М.Н.

About Author