https://www.flickr.com/photos/konradlembcke/25827312207/in/photolist-FmgJ7k-22cYpwE-23TXJ7U-qWZtXk-RsoJ2y-T4om7p-24YffXL-23zZHUb-25trfhF-SiDcLC-2ePbTUd-SPtrZS-EBrf1X-ScVYXY-Gx6PH7-RDVtJN-23aE9Ps-SqnkkA-SgGK69-FKCotu-R2Mi9Z-2dPRyvr-24ze9As-P5RKrG-7rohxU-PjThwX-2aYAdds-EtKPuh-C1s7qz-qCJvJA-23NRi3A-24GPeoL-24d1qDo-D1aNbJ-RsyzcM-246AfrF-24WCKzo-pUTj8E-UU8U8m-RtJCqC-241BmuS-QLnHXC-QzufZH-7rjomn-2262jxN-S2cgZj-JRtMzR-DbSqfd-qVjmKX-2f96zen

27.11.2022 Скопје

Во Киев овие денови се очекува врнежи на обилен снег, дневната и ноќната температура ќе се спуштат под нулата, а милиони луѓе во градот и околината остануваат без струја и греење.

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека електричната енергија е ограничена во 14 од 27 региони во Украина и во Киев, и потенцираше дека е важно да се заштеди енергија и да се користи рационално.

Сергеј Коваленко, кој е главен оперативен директор на „YASNO“, компанија што го снабдува Киев со електрична енергија, соопшти дека ситуацијата во градот се подобрува, но сепак е прилично тешка, и посочи дека граѓаните треба да имаат најмалку четири часа струја дневно.

Руското бомбардирање неделава ја предизвика најголемата штета од конфликтот досега, остави милиони луѓе во Украина без струја, вода и греење, по што Кремљ посочи дека руските напади врз енергетската инфраструктура се резултат на неподготвеноста на Украина да преговара.

Подготвено од М.Н.

About Author