01.11.2022 Скопје
Кевин де Брујне, фудбалерот на Манчестер сити, навести дека Светското првенство во Катар ќе биде негово последно во кариерата.
Играчот од средниот ред на Манчестер сити и Белгија изјави дека веќе има 31 година и не знае што ќе се случи за четири години, истакнувајќи дека ова е негов трет Мундијал. Воедно, Де Брујне сфаќа дека неговото време во репрезентацијата е при крај, но за тоа се уште нема разоварано со соиграчите, потенцирајќи дека имаат многу напорен аспоред.
На Светското првенство во Катар, кое ќе се одвива од 20 ноември до 18 декември, Белгија ќе игра во Ф-групата со репрезентациите на Хрватска, Канада и Мексико.
Подготвено од А.Ѓ.