Image by Freepik

29.11.2022 Скопје

Централниот настан „Дарежлив вторник“ ќе се одржи денеска од 13 до 17 часот во Паркот на Франкофонијата, до Градскиот стадион во Скопје.

Во организација на Центарот за социјални иницијативи Надеж и Хуманитарни акции денеска за првпат во земјава како дел од глобалното движење ќе биде одбележан „Дарежлив вторник“.

„Дарежлив вторник” е создаден во 2012 година како едноставна идеја, ден кој ги поттикнува луѓето да прават добро. Оттогаш, тоа прерасна во глобално движење во кое се вклучени повеќе од 85 земји од целиот свет и кое инспирира стотици милиони луѓе на овој ден да даруваат, да соработуваат и да го слават добродетелството.

Целта е на овој ден да се сплотат што поголем број организации, активисти и граѓани кои ќе се вклучат со промовирање на своите мисии и активности, ќе донираат, волонтираат, ќе споделуваат добрина и љубезност.

Позади Тренд кафе, во Аеродром, во центарот на аголот на зградата ќе биде поставен хуманитарен пункт.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author