16.11.2022 Скопје
Секое дете има право на најдобар можен почеток во животот. Предвреме родените бебиња заслужуваат најдобар третман и нега, како и нивните семејства најквалитетна едукација, а пред се поддршка од самото предвремено раѓање на бебето, најважно е да се придружуваат и насочуваат во соодветната грижа која е потребна за предвреме роденото бебе.
Во статистиката направена минатата година, од вкупниот број на раѓања во Република Северна Македонија, околу 25 проценти се предвремено родени бебиња.
Меѓународниот ден на предвреме родени бебиња, 17 ноември, е важен ден за одбележување со цел да се осврне внимание на превентива на бремените жени, бидејќи тоа е најважно за да може успешно да се намали процентот на предвреме родените бебиња.
Под поимот предвреме родени спаѓаат оние бебиња кои се родени под 37 гестациска недела. Главен фактор кај овие бебиња, покрај малата родилна тежина, најмногу внимание се осврнува на зрелоста на органите и нивната функција и многубројните проблеми кои се јавуваат токму поради истото.
Причините кои доведуваат до предвремено породување се многубројни, а најчести проблеми се високиот крвен притисок, инфекции, прерано зреење на плацентата, или пак во последно време најзастапено е поради повеќеплодна бременост која најчесто е зачната со ИВФ оплодување.
Според светската статистика, пред 3 децении предвреме родените бебиња имале многу мали шанси да преживеат, но денеска со развојот на медицината таа статистика е променета и се помал е процентот на смртност кај овие мали борци.
Контактот кожа на кожа е исклучително корисна и ефикасна практика, особено е важна во случаите на предвреме родените бебиња и доколку е можно добро е да се иницира веднаш по раѓањето на бебето, бидејќи тоа допринесува за стабилизирање на виталните параметри, како што е срцевиот ритам и нивото на гликоза во крвта.
Предвреме родените деца не се ни малку поразлични од децата кои се родени во термин, но патот по кој одат од првиот ден е потежок и за нив и за родителите, постојат многу прегледи и контроли кои се задолжителни за сите предвреме родени бебиња, како што се контроли за видот, проверки на слух, скен на глава, потоа посети на центар за раст и развој, постојано следење на тежината, развојот, моториката. Секој преглед родителите го поминуваат со страв молејќи се по кој знае кој пат се да биде во ред со своето херојче.
На глобално ниво се проценува дека секоја година се раѓаат 15 милиони бебиња предвреме и тој број во последните години почнува да се зголемува.
Секоја година, 17 ноември во светот се прославува на најразличен начин и во секој град и држава по избор на властите обојуваат по некоја институција во виолетова боја, бидејќи виолетовата боја е симболот на предвреме родените борци.
Овој ден е инициран од EFCNI и партнерските европски организации на родители, меѓународни ко-основачи се LittleBigSouls (Африка), March of Dimes (САД) и National Premmie Foundation (Австралија) кои се приклучија на прославите и го направија Светскиот ден на прематуритетот интерконтинентално движење.
Подготвено од М.Н.