https://www.flickr.com/photos/161807692@N02/43414353402/in/photolist-299nUJw-brEJJ7-nEX6ik-pWbyej-ZL3ZBm-9RbuqZ-9Rbusg-TxoJwu-zM1sKn-pp6ENL-92o7Pa-2nHtoqw-QVhZbj-2fjxStR-2ndHVo2-2nhxdaB-zU6tdF-2nd1Erk-2jwRXnd-EWgZbM-eFLfA5-2hLRY7Y-2nqNgzf-2nppvQ3-2nppjr9-21yEbVN-2ndgSrW-2nqH46i-2ncYLJS-2fjxTsV-2db6MK9-mkxihc-2njdAu5-2n1gcUy-2n1eXt5-AKQLvG-2dVExy2-Suoimm-2ncYwYi-2ik59ub-Suoibw-2fjxTor-2gctevG-SLJXUv-SuoidW-2n9n6vy-2nmH4Fa-akFp8K-sNWJ23-t4c9t3

17.11.2022 Скопје

Претседателот на Кина, Си Џинпинг, изјави дека дејствијата кои поттикнуваат конфликт и ги кршат меѓународните норми се премногу присутни и чести, и светот треба колективно да го отфрли менталитетот на Студената војна и конфронтацијата на блокот.

Кинескиот претседател Си, првично требаше да ги даде забелешките на бизнис форум на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) во Бангкок но сепак непредвидените конфликти со распоредот предизвикаа откажување на настапот.

Си додаде дека секој поединец треба да го отфрли секој можен обид кој што доведува да се заплетка политиката и оружјето во економските и трговските односи, и ги повика бизнис лидерите активно да се вклучат во реформите на Кина, кон напорите за отворање и модернизација, и да придонесат за зајакнување на развојот и просперитетот на азиско-пацифичкиот регион и светот.

Подготвено од М.Н.

About Author