https://www.facebook.com/photo.php?fbid=631718245176741&set=pb.100050157143955.-2207520000.&type=3

29.11.2022 Скопје

Британскиот премиер Риши Сунак, за време на неговиот прв говор за надворешната политика откако беше избран за премиер, најави дека ќе ја промени позицијата на Велика Британија за Кина.

Сунак оцени дека блиските економски односи во изминатата деценија биле „наивни“ и дека Британија мора „да ги замени желбите со цврст прагматизам кон конкурентите“. Воедно, изјави дека „златното доба“ на односите меѓу Велика Британија и Кина заврши.

Сепак, британскиот премиер предупреди дека реториката на Студената војна не треба да се спроведува и дека не може да се игнорира глобалното значење на Кина во многу сфери.

За протестите што се одржуваат во Кина, Сунак смета дека Кина претставува системски предизвик за нивните вредности и интереси, предизвик кој станува се поакутен поради чекорот на Пекинг кон уште поголем авторитаризам.

Според Сунак, покрај „златното доба на односите меѓу Британија и Кина“, заврши и „наивната идеја“ дека поголемата трговија со Западот ќе доведе до политички реформи во Кина.

За време на својот говор, Сунак вети и континуирана поддршка за Украина, а истакна дека Британија ќе работи со сојузниците, вклучително и САД, Канада, Австралија и Јапонија, за да „управуваат со зголемената конкуренција“, вклучително и преку дипломатија и ангажман.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author