28.11.2022 Скопје
Криптовалутата е облик на дигитална сопственост која се користи како средство за размена користејќи криптографија како начин на обезбедување сигурност на трансакциите, контрола на создавањето дополнителни парични единици и заради потврда на трансферот на валута.
Дали знаете кој град на Балканот има најмногу сопственици на криптовалути? Станува збор за светот во кој работат бизнисмени, банки, големи компании и многу други. Некои луѓе од Суботица веќе се запознаени со термини како криптовалута, блокчејн, токенизација.
Иван Андрејевиќ, ко-основач на CTB Крпто & Консалтинг, коавтор на книгата „Крипто револуција“ и основач на најголемата Фејсбук група во Србија „Крипто трговци Балкан“, истакна дека Суботица е прва на Балканот по бројот на сопственици на криптовалути и овој град е за 2,4 отсто повисок од Белград.
Андрејевиќ објаснува дека Суботица е далеку над просекот и криптовалутите не се пари, тоа е само средство за размена што е невозможно да се фалсификува и останува трајно запишан како рекорд.
Случајот со обичните пари е дека тие најчесто се користат за криминални цели, додека криптовалутите, иако се табу тема, само 0,8 отсто се користат за криминални цели, бидејќи кога еднаш ќе се направи трансакција, таа никогаш повеќе не може да се избрише. Се додека има интернет стриминг, трансакцијата не може да се избрише. Воедно, Андрејевиќ додава дека Суботица е значително над просекот, а Чачак е исто така доста различен од остатокот од Србија.
Србија е една од водечките земји со еден од најдобрите закони во светот за дигитална сопственост, но физичките и правните лица се недоволно информирани за тоа и некако се уште постои страв кај нив.
Подготвено од А.Ѓ.