https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/7/7b/%D0%A1%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%D0%BD%D0%B0_%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0_%D0%9A%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%B2_%D0%B8_%D0%A1%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%A0%D0%9C.JPG

13.11.2022 Скопје

Членовите на „Студентски отпор“, видно револтирани бараат сите студенти во Македонија да бидат иземени од мерките за штедење, како и повлекување на законските измени со кои се предвидува поскапување на оброкот во студентските мензи од 120 на 150 денари.

Младинското движење на студентите „Студентски отпор“ најавува мирен студентски протест којшто, според објавата на Фејсбук, ќе се одржи в понеделник во 16 часот пред Собранието под мотото „Стоп за уништување на студентскиот стандард“.

Од „Студентски отпор“ велат дека крајно време е да се спротистават на уништувањето на студентскиот стандард, бидејќи со децении наназад сите студенти се жртви на лошите политики и пасивноста на институциите во Република Северна Македонија.

Од „Студентски отпор“ имаат неколку барања, од кои потенцираа дека нема да отстапат, и порачаа Владата да не се откаже од субвенционираниот оброк за студентите и секако да се подобрат условите во сите студенски домови.

Подготвено од М.Н.

About Author