14.11.2022 Скопје
Студентите го изразија својот револт, излегоа на протести пред Собранието и порачаа дека веќе чашата е прелеана.
Тие бараат владините измени во Законот за субвенциониран оброк да се укинат, односно парите за оброк да продолжат да ги земаат и оние студенти кои земаат стипендии, апсолвентите, како и оние студенти чии примања во семејството ја надминуваат минималната плата.
Протести ќе се организираат и во утрешниот ден со почеток во 16 часот пред Собранието, со што додатно е пуштен и повик до средношколците за да се приклучат за поддршка бидејќи во иднина и тие ќе бидат вклучени во овие понижувачки услови застудентскиот оброк.
По завршувањето на протестот, претставници на организацијата „Студентски отпор“ се во Собранието на разговор со надлежните за овој проблем.
Подготвено од М.Н.