govor na omraza

24.11.2022 Скопје

Министерството за внатрешни работи соопшти дека неделава се започнати практични активности од превентивно-едукативниот проект „Стоп на говорот на омраза“ во две од седумте тетовски средни училишта, во Гимназијата и Медицинското училиште, а наредниве денови предавања се планирани и во другите училишта.

Стручно обучените полициски службеници на учениците од втора година кои следат настава на македонски, албански и турски јазик, им презентираат сознанија – што претставува говорот на омраза, како да се препознае и превенира, не само на училиште, туку и во другите области од животот на младите, на социјалните мрежи, во кафулињата и дисокотеките и слично. Учениците, исто така, се информираат и едуцираат како да ги надминат предрасудите и стереотипите кои најчесто предизвикуваат говор на омраза, нетолеранција и дискриминација.

Носител на проектот е Отсекот за превенција на СВР Тетово во соработка со ОБСЕ и ќе трае до крајот на овој месец.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author