02.11.2022 Скопје
Девет најдобри студенти во четврта година на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје ќе добијат стипендии од осигурителни компании, и оваа иницијатива на АСО за стипендирање на студенти доби поддршка од Економскиот факултет а беше прифатена и од девет осигурителни компании, која секоја од нив ќе додели по една годишна стипендија во денарска противвредност на 1.000 евра.
Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), проф.д-р Крсте Шајноски потенцираше дека е задоволен од одзивот на компаниите на иницијативата на АСО за стипендирање студенти и дека со тоа учесниците на осигурителниот пазар покажале високо ниво на општествена одговорност.
Деканот Трпески појасни дека согласно со меморандумот студенти од Економскиот факултет ќе отпочнат да реализираат практична настава во Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Здружението на осигурители и останатите осигурителни компании кои оперираат на националниот осигурителен пазар и да се стекнат со нови знаења, но и можност за вработување во овој сектор, и посочи дека им се отвора перспектива да бидат активни учесници во идниот развој на осигурителниот пазар во Република Северна Македонија.
Подготвено од М.Н.