stejt department

01.11.2022 Скопје

Нед Прајс, портпаролот на Стејт департментот, изјави дека меѓународната заедница има побарано од Приштина целосно одложување на спроведувањето на одлуката за пререгистрација на возилата, а не делумно одложување или етапно спроведување.

Портпаролот на Стејт департментот изјави дека САД се разочарани и загрижени, затоа што Косовската влада не ги послушала барањата и советите на најблиските меѓународни партнери за одложување на рокот за пререгистрација на возилата.

За тоа што ќе направи администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден доколку косовскиот премиер Албин Курти продолжи да им противречи на САД, на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој го повика да го продолжи рокот за пререгистрација и на ЕУ, Прајс истакна дека е јасна пораката на администрацијата на Бајден до Курти.

Прајс потсети дека минатата недела, САД објавија соопштение во кое го изразија своето јасно уверување и убедувањето на нивните меѓународни партнери дека владата во Приштина треба да го продолжи периодот на спроведување на одлуката за пререгистрација на возилата. Воедно, истакна дека биле јасни, и јавно и приватно дека меѓународната заедница, вклучително и САД, бара целосно одложување на спроведувањето на овие прашања, а не делумно одложување или фазна имплементација.

Ивица Дачиќ, српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, истакна дека српската влада нема да ги повика Србите од Косово да ги прифатат „РКС“, регистарски таблички и нема да дозволи закани врз српскиот народ.

Портпаролот на Стејт департментот истакна дека САД ќе останат во близок контакт со своите партнери во регионот и со ЕУ, воедно, ги охрабрува Косово и Србија да продолжат да учествуваат во дијалогот, кој се води со посредство на ЕУ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author