Image by prostooleh on Freepik

30.11.2022 Скопје

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во третото тримесечје од 2022 година, во земјава се евидентирани 4.956 живородени деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 3%.

Бројот на умрените лица бележи намалување од 28.9% во споредба со лани, односно 5 145 лицa, од кои 12 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е -189 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во ова тримесечје од годината склучени се 4 614 бракови и нивниот број е намален за 5.1% во споредба со истиот период од 2021 година.

За третиот квартал од 2022 се добиени 314 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 13% во споредба со истото тримесечје од 2021 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author