03.11.2022 Скопје
Килијан Мбапе, напаѓачот на ПСЖ, постави нов рекорд во Лигата на шампионите и сега е најмладиот играч кој постигнал 40 гола во најелитното европско натпреварување.
Зад себе Мбапе го остави својот соиграч Лионел Меси. Меси рекордот го држеше со 24 години, 4 месеци и 8 дена, а Мбапе го подобри рекордот со 23 години, 10 месеци и 13 дена.
До овој рекорд, Мбапе стигна со вчерашниот гол во победата на неговиот ПСЖ против Јувентус од 2:1. Сепак и покрај победата ПСЖ остана второпласиран, затоа што Бенфика го победи Макаби со 1:6.
После натпреварот, Мбапе изјави дека најважно за нив е што се пласирале во осминафиналето. Воедно, додаде дека тие не се победници во групата, но тоа е фудбалот и се случуваат такви работи. Како што изјави Мбапе, на почетокот биле несигурни, меѓутоа ова е Лигата на шампионите и победата е најважно, а мило му е што постигнал гол и што победиле, ќе видат како противник ќе добијат на ждрепката.
Подготвено од А.Ѓ.