11.11.2022 Скопје
Во Собранието на Србија, оваа недела, се водеше расправа за ребалансот на буџетот, кој владата го објаснува со зголемени јавни приходи, а опозициската партија како последица од инфлацијата, дебатата беше проследена со бројни инциденти и меѓусебни обвинувања.
Пратеничката на Српска напредна странка, Драгиња Вик, на собраниската седница во својот говор предложи на претседателот Александар Вучиќ да му се овозможи доживотен мандат на функцијата претседател на Србија.
Пратеничката истакна дека по безброј средби со граѓаните, секогаш го добивала истото прашање, а тоа е на кој начин граѓаните можат да го продолжат мандатот за да претседателот Вучиќ владее доживотно.
По краток период во собраниската сала се слушна смеење, на што претседателот на собранието Ивица Дачиќ, ги запраша пратениците што им е толку смешно, а пратеничката Вик дофрли дека слаби им се лековите кои што ги користат.
Подготвено од М.Н.