11.11.2022 Скопје
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги повика европските институции и земјите-членки на ЕУ да останат на цврстиот став дека Приштина конечно треба да почне да ги исполнува своите обврски, што првенствено се однесува на формирањето на Заедницата на српски општини во Косово.
Во објава на Инстаграм, српскиот претседател Вучиќ истакна дека со тоа и во пракса ќе покажат наводна посветеност за продолжување на дијалогот и решавање на сите отворени прашања.
За разговорот во Париз со шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, српскиот претседател Вучиќ напиша дека се имаат договорено дека е потребно да се смират сите тензии, да се смират тензиите и рационално да се решаваат проблемите, на што Србија секогаш инсистира.
Подготвено од А.Ѓ.