https://www.facebook.com/photo.php?fbid=676280610535376&set=pb.100044603281797.-2207520000.&type=3

01.11.2022 Скопје

Милош Вучевиќ, српскиот министер за одбрана, изјави дека по наредба на претседателот Александар Вучиќ, војската на Србија е во состојба на готовност и дека е подигнато нивото на борбена готовност поради ситуацијата на Косово.

Српскиот министер за одбрана Вучевиќ истакна дека Србија е сериозна земја и затоа никој не треба да игра „воени игри“. Воедно, објасни дека армијата е подготвена да ја изврши секоја наредба на Вучиќ, кој е нејзин врховен командант, заштитувајќи ги сите граѓани на Србија, вклучително и Србите на Косово, и во тоа никој не треба да се сомнева.

Според Вучевиќ, подобро е да се преговара илјада дена, отколку еден ден да се биде во ров. Исто така, предупреди дека кога Србија зборува за мир и стабилност, тоа не значи дека е слаба или кукавица, бидејќи нејзината армија е многукратно посилна отколку што била, и дека постапува според наредбата на шефот на државата и претседателот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author