https://www.facebook.com/photo.php?fbid=615385586841258&set=pb.100051094670379.-2207520000..&type=3

06.11.2022 Скопје

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека Владата на Србија останува цврсто посветена на зачувување на мирот и стабилноста во регионот и стои покрај нивниот храбар и достоинствен народ на Косово и Метохија, кој сака само да се спроведат потпишаните договори.

Брнабиќ, во својата изјава, нагласи дека претставниците на Србите од Косово, одлучувајќи да го прекинат учеството во институциите, едноставно го бранеле меѓународното јавно право и Бриселскиот договор. Воедно, потенцира дека со ова нивните луѓе на Косово и Метохија порачаа дека сакаат само мир, дека веруваат во владеење на правото и дека веруваат во сите оние партнери од меѓународната заедница кои учествуваа во постигнувањето на различни договори во текот на изминатите години – пред сè, Бриселскиот договор како прв договор за нормализација, а потоа и сите други договори, кои го вклучуваат прашањето за табличките.

Според српската премиерка Брнабиќ, хистеријата во политичката јавност и медиумите во Косово е пример за апсурд, „бидејќи не само што не се работи за повикување на конфликти, туку се работи токму за мирна и демократска реакција која е одговор на континуираното еднострано кршење на договорот, непочитувањето на Србите на Косово и Метохија, како и на Европската Унија, која е гарант на Бриселскиот договор“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author