30.11.2022 Скопје
Ивица Дачиќ, министерот за надворешни работи, ги предупреди граѓаните на Србија да избегнуваат патување во Турција во наредните недели, особено во главниот град Анкара, поради можни терористички напади.
Дачиќ додаде дека треба да се има предвид дека тоа може да важи и за другите делови на Турција и побара од граѓаните на Србија да избегнуваат патување во таа земја доколку немаат итна потреба во наредните недели.
Министерот за надворешни работи истакна дека ако веќе има српски граѓани таму да избегнуваат места со многу луѓе на јавен простор, како што се пешачки зони, метро, автобуски и железнички станици и други слични места. Воедно, истакна дека сето ова го кажува исклучиво од безбедносни причини, додавајќи дека Србија и Турција имаат добри односи и ја развиваат соработката на сите нивоа.
Иако Турција и е пријателска земја на Србија, како што истакна Дачиќ, тој мора да ги сподели информациите, кои ги имаат добиено од безбедносните служби, со граѓаните. Исто така, додаде дека советот и препораката е да се избегнува патување во Анкара во следните неколку недели и доколку патуваат во некои други градови или мора да бидат таму, граѓаните треба да избегнуваат места каде што се можни терористички напади.
Подготвено од А.Ѓ.