Image by Racool_studio on Freepik

01.11.2022 Скопје

Владата на Република Србија ја продолжи привремената забрана за извоз на млеко и млечни производи до 30 ноември, со исклучок на извозот во Република Северна Македонија и Република Албанија.

Во Службен весник е објавено дека владината забрана за извоз се однесува на повеќе видови млеко, како и масло во амбалажа од над еден килограм.

Забраната не се однесува на извоз на стоки за кои царинскиот орган ја има прифатено извозната декларација, пред да стапи во сила одлуката.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author