30.11.2022 Скопје
Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, повторно го истакна ставот на својата држава дека не сака формирање комисија за влез на Украина во НАТО поради спорот за правата на унгарското национално малцинство во Украина.
Пред многу години јасно е ставено на знаење и тука нема ништо изненадувачки во нашиот став, односно додека Украина не ги врати правата на закарпатските Унгарци, нема да се согласиме на свикување на оваа комисија, изјави Сијарто.
Сијарто потенцираше дека не го покренале ова прашање од почетокот на војната, и немаат намера тоа да го прават сега, но се надеваат дека мирот ќе дојде што побрзо, за да може повторно да се разговара по ова прашање.
Будимпешта и Киев водат расправа околу малцинските права откако украинскиот Парламент во 2017 година го усвои Законот за образование, кој Будимпешта тврди дека ги загрозува правата на унгарското национално малцинство, да студираат на својот мајчин јазик, а бројот на етничките Унгарци кои живеат во Закарпатската област се проценува на околу 140.000 жители.
Подготвено од М.Н.