https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/287787345_335464748764059_7995896565199388587_n.jpg?_nc_cat=100&ccb=1-7&_nc_sid=730e14&_nc_ohc=575VF9v9MA0AX_XBYBv&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AT9Z7fsUgvpExOtgH-LJjEu2JrgT05TmqpXLPtEb2emsmg&oe=62DC28F9

06.11.2022 Скопје

Денеска и утре, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе престојува во работна посета на Швајцарската Конфедерација.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека Спасовски утре во Берн ќе има работна средба со неговата колешка, министерката за правда и полиција на Швајцарската Конфедерација, Карин Келер-Сутер, а по повод потпишување на Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Швајцарскиот Федерален совет за воспоставување на партнерство за миграција.

Од Министерството за внатрешни работи наведуваат дека согласно веќе воспоставената практика за време на работните престои во странство да остварува средби со наши исселеници под мотото „Го слушаме гласот на сите, секој еден е важен!”, Спасовски во Тринген, денеска ќе се сретне со наши сограѓани, во македонската православна црква, „Св. Наум Охридски”. Целта е да се иницираат и забрзаат веќе отпочнатите активности за подобрување на условите на нашите граѓани во државите во кои живеат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *