https://www.facebook.com/photo?fbid=683222349841374&set=pb.100044608441941.-2207520000.

23.11.2022 Скопје

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе го посети Министерството за внатрешни работи на Австрија и ќе оствари средба со министерот Герхард Карнер.

Спасовски во рамки на дводневниот работен престој во Виена, во тамошното Министерство за внатрешни работи ќе одржи предавање на тема „Миграциски текови и значењето на потпишаниот договор со Фронтекс за безбедноста на европските граници“, соопштија од МВР.

Министерот Оливер Спасовски, во Амбасадата на Република Северна Македонија во Виена, ќе одржи средба со претставници на дијаспората и со вработените во Амбасадата, a веќе има остварено средба и со претставници на здружението Црковна Општина Св. Наум Охридски.

Подготвено од М.Н.

About Author