16.11.2022 Скопје
Владиниот потпарол на Полска, Пјотр Мулер изјави дека полскиот премиер Матеуш Моравјецки итно го свикал Комитетот на Министерскиот совет за прашања на националната безбедност и одбрана.
Мулер не ја потенцираше причината за свикувањето на овој состанок, но се претпоставува дека е поради инцидентот на кој врз селото Пржеводов на полско-украинската граница попладнето се случила експлозија, а според првичните информации загинале две лица.
На средбата со министерот за внатрешни работи и администрација Мариуш Камински, министерот за надворешни работи Збигњев Рау, министерот за правда Збигњев Зиобро присуствува и претседателот Анджеј Дуда.
Некои полски медиуми јавуваат дека ракетата која експлодирала во селото Пржеводов е Руска, но од Пентагон изјавија дека не можат да ја потврдат таа информација, а владиниот потпарол Мулер ги замоли медиумите да не објавуваат непотврдени инфрмации и истакна дека откако ќе имаат сигурни и испитани информации ќе свикаат прес-конференција и целата нација ќе биде запознаена со вистината.
Подготвено од М.Н.