21.11.2022 Скопје
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Косово, Албин Курти, денеска во посредништво на Европската унија одржаа средба во Брисел.
По повеќечасовните разговори меѓу двете страни средбата повторно заврши без договор. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги прифатил сите предлози додека премиерот на Албанија, Курти не, изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика Жозеп Борел истакна дека очекува Косово веднаш да ги прекине следните фази на замена на регистарските таблички, а Белград да не издава нови таблички.
Борел додаде дека ќе ги информира колегите во Европската унија и меѓународните партнери за текот на денешната средба, особено за непочитувањето на меѓународните правни обврски од страна на Косово.
Претседателот на Србија, Вучиќ, исто така, изјави дека на денешниот состанок не е постигнат договор и потенцираше дека српската страна била потполно конструктивна и прифатила и неколку пати изменети текстови, но косовската страна не сакала да прифати ништо од понудените опции.
Вучиќ истакна дека после овој состанок на сите во Европската унија и светот ќе им е јасно кој е конструкривен во оваа ситуација, при што Борел изјави дека Косово по состанокот остави особено негативен политички сигнал.
Подготвено од М.Н.