shpionski softver

09.11.2022 Скопје

Во Извештајот на истражниот комитет на Европскиот парламент се заклучува дека употребата на шпионскиот сотвер „Пегаз“ очигледно била широко распространета во земјите на ЕУ.

Заклучокот од објавениот нацрт-извештај е дека владите на членки на ЕУ го користеле овој софтвер против граѓаните за политички цели, а се наведува и дека постојат индиции дека тоа го сториле Полска, Унгарија, Грција, Кипар и Шпанија.

Австрија е исто така критикувана, бидејќи поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц има блиски врски со сопственикот на израелската компанија НСО, која го разви „Пегаз“.

Во извештајот, исто така, се наведува и дека седиштето на компанијата DSIRF, која важи за провајдер на софтвер за шпионажа, се наоѓа во Австрија, а високи функционери на таа компанија имаат контакти со Русија и Кремљ.

Во јули, Мајкрософт соопшти дека DSIRF разви софтвер наречен „Subzero” кој користи таканаречени Zero-Day-Exploits за да добие пристап до доверливи податоци и лозинки.

Надлежната известувачка на Европскиот парламент, Холанѓанката Софи ин т Велд, истакна дека развојот на „спајвер“ во земјите-членки на ЕУ е голема закана за демократијата на целиот континент. Исто така, според неа, „спајверот“ не само што ги нарушува правата на приватната сфера, туку ги поткопува демократските институции и ги замолчува опозицијата и критичарите и таквиот софтвер има застрашувачки ефект врз слободата на печатот и граѓанското општество и служи за влијание врз изборите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author