https://www.facebook.com/messenger_media?attachment_id=821846362472962&message_id=mid.%24cAAAB9tH3oHeKbhGsP2EPMxjruFLe&thread_id=100000262982700

03.11.2022 Скопје

Данска ќе ја водат левичари, социјалдемократите предводени од данската премиерка Мете Фредериксен, освоија најмногу гласови на парламентарните избори во земјата.

Фредериксен доби нов мандат да формира влада, и покрај критиките за централизацијата на власта и контроверзната политика што ја водеше за време на пандемијата на коронавирусот, каде се соочи со ултиматум – одржување нови избори или гласање за доверба.

Во новиот состав на парламентот најмногубројни ќе бидат социјалдемократите, бидејќи според првичните резултати освоиле 27,5 отсто од гласовите, левичарскиот блок партии ќе има 87 пратеници во 179-члениот парламент.

Во пресрет на изборите, седум месеци пред истекот на нејзиниот четиригодишен мандат, Фредериксен изјави дека сака широка влада со партии од двете страни на политичкиот спектар, и според аналитичарите кои претходно најавија дека ниту левичарските ниту десноориентираните партии нема да можат самостојно да формираат влада, владата на Левица е вистинско изненадување за сите.

Подготвено од М.Н.

About Author