29.11.2022 Скопје
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и заменик- директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Благојче Трпевски беа на увид на делницата Дреново-Фариш и пробивање на тунел на експресниот пат Дреново-Фариш. Втората делница од овој експресен пат е половина завршена и досега сите рокови се запазени.
Тунелот Фариш кој беше еден од најтешките делови на оваа траса е со две цевки, од кои едната е целосно пробиена, а на другата цевка градежните работи течат со предвиденото темпо.
Република Северна Македонија денес е во голем инвестициски циклус, целта на Владата е патната инфраструктура во државата да ја подигне на значително повисоко ниво, бидејќи инвестирајќи во патишта, автопати, делници, експресни патишта, се инвестира во развој на економијата во Република Северна Македонија.
Премиерот Ковачевски истакна дека е задоволен што со голема динамика се гради експресниот пат кон Прилеп, кој е од голема важност за граѓаните на Пелагонискиот Регион, но и за цела држава. Втората делница од овој експресен пат, е половина завршена, досега сите рокови се запазени. Тунелот Фариш кој беше еден од најтешките делови на оваа траса е со две цевки, од кои едната е целосно пробиена, а на другата цевка градежните работи течат со предвиденото темпо.
Ковачевски, исто така, ја истакна успешноста во надминувањето на сите проблеми што ги носеше автопатот Кичево – Охрид и сега градежните активности таму се одвиваат со несмалено темпо, се градат и автопатите Скопје – Блаце, Гостивар – Кичево, Тетово – Гостивар, Требениште – Струга – Ќафасан, Прилеп – Битола, сета оваа патна инфраструктура ја прави Република Северна Македонија да е регионално поврзана.
Подготвено од А.Ѓ.