gasovod druzhba

16.11.2022 Скопје

Во моментов е прекинато снабдувањето на нафта за Унгарија и Словачка преку гасоводот Дружба поради рускиот напад врз дел од инфраструктурата на самиот гасовод.

Прекинот на снабдувањето се случи во исто време како и експлозијата во источна Полска во градот Пржеводов. Досега, прекинот во суспензијата официјално го потврдија Унгарија и Словачка, но не и Чешка и Полска, кои исто така го користат овој гасовод.

Истата вечер, унгарскиот премиер Виктор Орбан свика состанок на Националниот совет за одбрана.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека поради руски ракетен истрел била погодена електраната која ја снабдува со струја пумпната станица, што довело до прекин на работата и испораките.

Чешкиот оператор МЕРО не потврди никакви нарушувања во протокот на нафта, ниту пак полскиот ПЕРН.

Од друга страна, словачкиот Транспетрол го потврди прекинот повикувајќи се на технички причини од украинска страна, но не го спомна ракетниот истрел како причина.

Мрежата на нафтоводот Дружба потекнува од Русија, а потоа се разгранува во Белорусија и Украина, снабдувајќи дел од земјите од Источна и Централна Европа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author