30.11.2022 Скопје
Од ССМ соопштуваат дека вработените во ЈП Водовод и канализација Скопје алармираат дека се под постојан притисок од в.д директорот Марјанче Митовски, кој кулминира со последното писмо кое го испратил до сите вработени во ЈП Водовод и канализација Скопје во кое тој се ставил над Управниот одбор во претпријатието.
Како што наведува информацијата од Сојузот на синдикати, в.д. директорот Митовски упатил порака до вработените дека не смеат да ги почитуваат Одлуките на Управниот одбор која според ССМ е контрадикторна, бидејќи и самиот директор има основ за негово разрешување согласно Закон доколку тој не ги почитува одлуките на Управниот одбор во претпијатието.
Од ССМ истакнуваат дека по упатената порака пред околу еден месец дека работниците мораат да му бидат слепи послушници само нему, а доколку не, ќе спроведел реорганизација и измена на систематизацијата со бркање од работа и прераспоредување што од сите надлежни инспекциски органи и управниот одбор му ги поништија како незаконски, како што и незаконски му даде отказ на претседателот на Синдикатот во Водовод, сега истиот ќе се јавел во заштита на вработените како в.д директор, ако вработените постапувале спротивно на одлуките на управниот одбор.
Дополнително од ССМ тврдат дека вработените се загрижени за исплатата на нивните плати поради тоа што сметката на ЈП Водовод и канализација била блокирана од извршители од петокот до вчерашниот ден.
Подготвено од А.Ѓ.