https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fwww.instagram.com%2Fp%2FCk01uW0oT08%2F%3Ffbclid%3DIwAR1yQYZMLJbNVIZV4JZt-Fzw-rbvDIbfqJIm8aXoEjTOl0_e-gvI_FocI_I&h=AT0hIXK8rpKbHNbhJZclc7yvdTIoPPkNJ0-OQA8-7_zCrfVs04aOhqCcCKsQrkYsH-nC3mzFk01J6H0POGRBV6Msa_dTG91zLub6lk1XBnuMuV_qOeYqjOdaPQfMj_BI3FYwqOi_d6J6_PGJ

11.11.2022 Скопје

На гостински терен кај Израел, кошаркарската репрезентација на Словенија запиша победа и е на чекор од пласман на Светското првенство.

Кошаркарската репрезентација на Словенија го победи Израел со резултат 62-75.

Словенците имаат скор од 6-3 и стојат на третото место во групата, а денешното славје во Тел Авив го извојуваа без Горан Драгиќ и Лука Дончиќ.

Во третата четвртина словенечките кошаркари направија серија од 11-0 и побегнаа на недостижан разлика. Тоа беше одлучувачки период во овој меч, кој заврши во полза на гостинската репрезентација.

Миха Лапорник и Едо Муриќ со по 16 поени ја предводеа Словенија до победата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author