skopje megju najzagedaneite graovi

18.11.2022 Скопје

Со измерени рекордни 166 ПМ 10 честички на м3 што е за неколку пати над дозволеното ниво од 50 мг на м3 ПМ 10 честички, Скопје утринава се најде на четвртото место на најзагадени градови во светот.

Со години наназад Скопје се наоѓа на врвот на табелата на најзагадени главни градови во светот.

Местоположбата на градот, магливите утра во текот на зимскиот период но и нееколошкиот начин на греење на домаќинствата, дополнително придонесуваат скопјани секоја грејна сезона да дишат загаден воздух и тоа неколкупати над дозволеното ниво на загаденост.

Утринава најзагаден град, односно прв на табелата во светот е Багдат во Иран, потоа е Делхи во Индија, трет на табелата е Пекинг во Кина, а во десетте најзагадени градови само Скопје се наоѓа на табелата од овој регион.

Во Скопје најзагадени населби традиционално секоја година се населбите каде што граѓаните не се поврзани со централното парно греење, а минатата година Лисиче беше на врвот на најзагадени населби со измерени рекордни 850ПМ 10 честички на м3.

Подготвено од М.Н.

About Author