16.11.2022 Скопје

Главниот град на Република Северна Македонија, Скопје, ова утро се најде меѓу десетте најзагадени градови во светот.

Според податоци на „IQair“, од балканските метрополи пред нашиот главен град, се наоѓа Белград кој е на петтото место на најзагадени градови во светот, потоа Софија која е на осмо место на светската листа на загадени градови.

Најголемите причинители на загадувањето се наведуваат индустриските постојки, сообраќајот, согорувањето на отпад и индивидуалните горилници.

Прв на листата на најзагаден град ова утро е Карачи во Пакистан со вкупен индекс на загаденост 192, втор е Калута во Индија со индекс 190 и трет е Краков во Полска со индекс 188.

Во Скопје утринава е измерен 163  вкупен индекс на загаденост.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *