https://www.facebook.com/photo.php?fbid=639139457572254&set=pb.100044286166872.-2207520000.&type=3

15.11.2022 Скопје

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, на својот профил на Инстаграм напиша дека сите оние кои се граѓани на Република Српска а не се срби се предавници.

„Станува збор дали си Србин или не си, ако не си, тогаш си предавник, Република Српска мора да има патриотски одговор на сите политички фактори за прашањата кои се важни за државата и тука воопшто нема место за предавници“, напиша Додик на неговиот профил.

Доаѓа многу тешко време и најважно е да обезбедиме Народното собрание да биде место каде што ќе бидат запрени сите штетни одлуки кои ќе пробаат да се донесат во него, а тука се и барањата кои другите двајца членови на сила ќе ги наметнуваат и доколку сето тоа не се запре на време, Република Српска ќе изгуби многу.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *