https://www.freepik.com/free-photo/place-flying-sunset-sky_1145580.htm#query=plane&position=7&from_view=keyword

07.11.2022 Скопје

Европската конфедерација на синдикати и работниците во авионскиот сектор бараат итно да се имплементира директивата на ЕУ за безбедност на кабините.

Денеска, синдикатите во Европа заедно со работниците и експертите во воздухопловството ја повикаа авионската индустрија да ја почитува и примени оваа директива на ЕУ и да ги следи препораките за да се спречи вдишување на штетни испарувања, преку подобрување на дизајнот и одржување на авионите.

Експертите истакнаа дека овие препораки се клучни за да се намалат последиците од токсични испарувања кои се случуваат кога вентилацијата во авионите е контаминирана од високо ниво на загреано моторно масло и чад од хидраулични течности.

Меѓу другото, потребно е да се инсталираат соодветни филтри за да се отстранат испарувањата од вентилацијата додека не се појави нова технологија. Се бара да се инсталираат и хемиски сензори кои ќе ги информираат пилотите и останатите од екипажот со каква контаминација се соочува кабината и од каде доаѓа. Исто така, екипажот треба да биде добро обучен за овој ризик и поефикасно да се следат последиците по здравјето и безбедноста.

ЕУ директивата предвидува подобрување на стандардот и квалитетот на воздухот во авионските кабини со што се заштитува здравјето на патниците како и на персоналот во авионите.

Европските синдикати потсетуваат дека досега Агенцијата за воздухопловна безбедност не подготвила регулатива по ова прашање, за разлика од Европскиот комитет за стандардизација, каде членуваат синдикатите. Исто така, потсетуваат дека екипажот е редовно соочен со контаминиран воздух од моторно масло што го загрозува нивното здравје.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *