22.11.2022 Скопје
Силно невреме со пороен дожд и ветер зафати голем дел од Хрватска, во делот на Јадранското Море, и предизвика проблеми на брегот на Ровињ, Риека, Пула, Пореч и Црес.
Поради невремето прогласен е црвен метеоаларм за повеќе региони од хрватското крајбрежје. На брегот на Пула поплавени се автомобили, морето е на работ да се излее, а пријавени биле и откорнати дрва на улиците.
Високото морско ниво го поплави и центарот на Ровињ, а големи проблеми има и во Пореч. Локални жители на социјалните мрежи објавуваат дека во Ровињ морето го поплавило градскиот плоштад и брегот, а вода навлегла и во некои кафулиња и ресторани.
Сообраќајот се одвива доста отежнато, видливоста е намалена, па се препорачува максимална внимателност, а поради оваа причина на сите возила им е забрането да возат по брегот на Ровињ.
Подготвено од М.Н.