23.11.2022 Скопје
Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, соопшти дека силен земјотрес утрово ја погоди северозападната турска провинција Дузче во кој се повредени 35 луѓе.
Според информации од Турската агенција за управување со катастрофи и кризи, земјотресот бил со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар бил областа Гољака, и се случил во 4:08 часот наутро.
Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, кој пристигна во Дузче веднаш по земјотресот, изјави дека нема жртви но неколку лица од повредените се во критична состојба.
По земјотресот, регистрирани се вкупно 18 последователни помали потреси. Во регионот како мерка на претпазливост се воведува и прекин на струјата, а издадено е и соопштение дека училиштата денес ќе бидат затворени.
Подготвено од М.Н.