09.11.2022 Скопје
Утрово по 7 часот, силен земјотрес ја погоди централна Италија.
Според италијанските медиуми, земјотресот бил со јачина од 5,7 до 6,1 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот бил во Марке, но бил почувствуван и во Рим, Фиренца, Болоња и северна Италија. Земјотресот е регистриран на 66 километри источно од Римини, на длабочина од 10 километри.
Земјотресот, како што пренесуваат медиумите, бил почувствуван и низ делови на Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.
Корисниците на апликацијата ЕМСЦ од Хрватска известуваат дека добар дел од Истра и централниот Јадран биле погодени.
ЕМСЦ известува дека земјотресот е регистриран на 29 километри северно од Сенигалија и дека бил со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала.
Подготвено од А.Ѓ.