28.11.2022 Скопје
Кинески експерт изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг ќе направи „сѐ што е потребно за да ги запре уличните протести“.
Професорот Стив Цанг, директор на кинескиот институт СОАС, истакна дека Си Џинпинг ќе им нареди на партијата, владата и полицијата да направат сѐ што е потребно за да се врати редот на улиците, потенцирајќи дека не мисли дека Си ќе попушти пред барањата на демонстрантите и ќе ги олабави ограничувањата за коронавирусот.
Според Цанг, Си ќе го реши проблемот во оваа рана фаза, така што тој не мора да испраќа тенкови врз демонстрантите како неговиот претходник во 1989 година, но, тоа значи дека тој ќе употреби сила. Ако ја употреби во почетната фаза на протестите, тоа ќе биде помалку интензивно.
Цанг вели дека начинот на кој Пекинг се однесувал со продемократските демонстранти во Хонг Конг во 2019 година покажува дека на Си „не му недостига имагинација да смисли други начини да го заплаши локалното население без да пролее капка крв“.
Подготвено од А.Ѓ.