shvedska i turcija

06.11.2022 Скопје

Пред патувањето на шведскиот премиер во Турција следната недела, шефот на шведската дипломатија Тобијас Билстром истакна дека Стокхолм треба да ја увери Анкара со тоа што ќе се дистанцира од курдските групи во Сирија.

За локалните медиуми, Билстром изјави дека Владата во Стокхолм повеќе не сака да ја поддржува курдската милиција Сили за заштита на народот (YPG) и нејзиното политичко крило Демократската унија (PYD).

Според медиумските извештаи, Билстром посочил дека двете организации се премногу тесно поврзани со забранетата ПКК, која Европската Унија ја означува како терористичка организација и тоа не е добро за односите меѓу Шведска и Турција.

Во вторник, шведскиот премиер Улф Кристерсон треба да отпатува за Анкара за да го убеди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да ја прекине блокадата на Шведска и Финска за приклучување кон НАТО.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author