https://www.flickr.com/photos/eppofficial/36836731336/in/photolist-7PuxXn-7Pyx2Y-qaSpjB-QskrYj-Xbnnez-8XPeas-XKvZrP-2nWMPHP-rDjDrX-qGDwsF-noXDvm-5BJ6dG-Hq4esr-aaLTKL-9QZYQN-7GYtXs-4ePtdL-Y88SRw-puSjYu-WJxrGt-yRR6gs-WGjKyu-8ofhXp-6D62W3-4ePtcE-noXSQz-grZgcA

10.11.2022 Скопје

Министерот за надворешни работи на Шведска, Тобијас Билстром, соопшти дека Шведска ќе го продолжи дијалогот со Турција со цел да се надминат забелешките од Анкара, а во врска со барањето на земјата за прием во НАТО.

Билстром, по средбата со германската колешка Аналена Баербок, истакна дека разговорите одат во многу позитивна насока.

Според Билстром, разговорите ќе продолжат на сите нивоа и тој наскоро ќе отиде во Анкара. Разговорите меѓу властите на Шведска, Турција и на Финска, земја што исто така побара членство, ќе се одвиваат паралелно.

Турција го услови влезот на нордиските земји во НАТО со екстрадиција на лица кои нашле засолниште во нив, а Анкара ги смета за терористи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author